Копачка Драмче, 26.03.2024 Делчево, Ороводна песна „Сношти е Стојна доведена“ со Вида Илиевска

แชร์
ฝัง
  • เผยแพร่เมื่อ 22 ธ.ค. 2024
  • Отварање на реновираната сала, во Спомен дом АСНОМ, во Делчево. Нашето 10 минутно претставување го започнавме со изворната пијанечка песна „Седела Јана“ во изведба на Рајна Ивановска. Потоа следуваше ороводната песна „Сношти е Стојна доведена“, во изведба на Вида Илиевска. Мирко Симоновски на тамбура ги изведе ората „Ситно“ и „За појас“, танцот на жените го водеше Матеа Стојановска, а кецот го виеше Радмила Симевска. Атрактивната изведба на младите изполнители тапанџии и тоа Адријан Стаменовски, Матеј Миленковски, Николче Петровски и прекрасната Ана Алексовска, публиката ја поздравуваше со бурен аплауз, кој продолжуваше и кога се изведуваа ората „Ситно“ и „Копачка“. Достоиствено и гордо, го изведовме и овој настап, во време кога го прославуваме Јубилејот на 10 годишнината од впишувањето на орото „Копачката“ во Репрезентативната листа за нематеријални културни наследства на човештвото. Да ни се множат настапи и Јубилеи! Благодарност до НУЦК „Н.Ј.Вапцаров“ и Кико Трајановски, за прекрасната организација.

ความคิดเห็น •