Апасиев: За секој клиентелистички закон крвта со памукче ќе ви ја пиеме
ฝัง
- เผยแพร่เมื่อ 15 ธ.ค. 2024
- Говорот на Димитар Апасиев на седницата на Комисија за финансирање и буџет, каде Левица правеше филибастеринг, за спречување на воведување ново директорско место во Царинската управа, специјално за задоволување на клиентите од ЗНАМ:
„Немојте да мислите дека ви се плашиме. Не ви се плашевме во времето на Груевски и Мијалков, уште помалце ви се плашиме кога третиот ешалон од тоа време сега е прв ешалон. Вашата малограѓанштина се виде на дело, извинете што ви го упропастивме викендот.
Вие сте типичен пример дека Владата и власта бескруполозно штеди. 58 пратеници на ДПМНЕ и 6 на знам делат ист мозок! Поголем пример за штедење нема од вашето. Колешке богаташке, 'за ајванот никој не е јунак, не оти јунакот не е јунак, туку оти ајванот е ајван'. Паметните ќе разберат, вие богатите можеби не.
Кога се обидуваме им кажеме дека корупцијата не го уништува политичкиот систем на луѓето, туку обратно, политичкиот систем којшто вие го креирате, кој е во срж'та корумпиран, ги уништува животите на луѓето, нормално е богаташите да се фрустрираат. Кога најгнасниот интерес, бесрамно ни го прикажувате како некое си јавно добро, вие само слугувате на вашите теснопартиски интереси!
Имаме поднесено преку 2.500 амандмани, не постојат деловнички услови додека тие не се поделат на другите, оваа комисија да заседава. Тоа што вие со бркањето со Талат Џафери, со вашиот дил за Жан Моне процес да глумите демократија, сте заборавиле и сте оставиле правна празнина, не сме ви ние криви. Јавно ви кажувам: Крвта со памукче ќе ви ја пиеме на секоја ваква седница! Има мајчиното млеко да го проплакате за да се носат вакви закони!
Имате жестока опозиција која е олицетворена во овие пратеници и ќе бидете спремни на 'фајт'.
'Мастермајндот' на власта е се да спопикаат во три дена. Ние сме единствениот Парламент во светот, а тоа ќе го докажеме фактографски, а можеби и пред Уставен суд, што забрани на опозицијата да зборува, дури и сега временски! Наместо три дена да зборуваме, ние зборуваме еден ден.
Сакате да го примените членот 176 ст. 2. 'Седницата на матично работно тело е законодавно-правна комисија', ама употребува еднина, не множина, не седници. Вие колега, сакате сега да ја заклучите. Еве колега, јавно ви кажувам, дека ќе бидете првиот од ДПМНЕ што ќе му поднесеме кривична пријава, ако тоа го направиш.
Сакате да ни го одземете и тоа малку право што го имаме како опозиција. Јавно ви кажувам, за секој ваков клиентелистички закон ова ќе ви биде секојдневие. Колку и тоа да ве фрустрира, извинете што ви го нарушивме викендот, тоа ќе ви биде секојдневие. Колку и да се курчите, не ви се плашиме. Не ви се плашевме во време на Грујо, не па сега, вие сте мачкина кашлица за тоа ВМРО.