07 Био-кожата од комбуха на Бисера, Ангелина и Надица тргнува да го освојува светот

แชร์
ฝัง
  • เผยแพร่เมื่อ 22 ก.ย. 2024
  • Бисера Поповска, Ангелина Серафимовска од Технолошко-металуршкиот и Природно-математичкиот факултат и Надица Десанова од Машинскиот факултет, се тимот BioHide и победнички во премиерната сезона на првото реално шоу за стартапи Founder games реализирано од компанијата Нетворкер со поддршка од Халк Банка.
    Тие креираа нов еколошки и одржлив материјал наменет за модната индустрија - био кожа, за која сега се открива дека има потенцијали да биде применлива и во многу други индустрии.
    Една од наградите од натпреварите за старт-апи вклучува и патување во САД, каде што ќе заминат во септември на бизнис состаноци со нивни потенцијални соработници, клиенти и инвеститори. Таргет настан им е Climate Week каде ќе присуствуваат дизајнери, уметници и производители кои работат со одржливи материјали.
    Со Бисера, Ангелина и Надица за Рацин.мк разговараше Александра Тодоровиќ.

ความคิดเห็น •