Ни треба туризам на село | Наши приказни

แชร์
ฝัง
  • เผยแพร่เมื่อ 22 ก.ย. 2024
  • Северна Македонија има огромен туристички потенцијал. Тој впечаток го делат сите туристички работници но сепак туристичките капацитети на земјата не се доволно искористени.
    Два дена е просечниот престој на странските туристи во Македонија. И покрај растот на бројот на туристи кои ја посетуваат земјава, нивниот престој и понатаму е краток покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
    Бројките говорат дека бројот на туристи кои доаѓаат од странство е скоро дуплиран, па така бројките кои ги објави статистика во нивната анализа во март „Животна средина“ покажуваат дека од 399.680 странски гости во 2013 година, во текот на 2022 година земјава ја посетиле 537.436 гости. Според податоците на Агенцијата за туризам, лани посетите биле уште поголеми.

ความคิดเห็น •