6. Останувајќи со нелагодноста, со Славчо Димитров *Meduza talks*

แชร์
ฝัง
  • เผยแพร่เมื่อ 29 มิ.ย. 2024
  • Во првата епизода од втората сезона на Meduza talks, Калиа Димитрова разговара со Славчо Димитров, теоретичар, магистер и доктор во полето на родовите студии, уметноста и политичката филозофија, како и куратор на квир фестивалот Skopje Pride Weekend. Поводот за разговорот е токму 12тото издание на фестивалот, кој оваа година ја има носечката порака „Останувајќи со нелагодноста“.
    Зошто е важно да останеме нелагодни, но и да ни биде нелагодно? Како да чувствуваме, комуницираме, дејствуваме и експериментираме, отаде митовите за минатото и ветувањата и стравовите за иднината, во „густата сегашност“(Дона Харавеј)? Како и зошто да продолжиме да бидеме „феминистички сморови“ (Сара Ахмед), кога се соочуваме со опресивното секојдневие? Ова се прашањата кои се обидовме да ги одговориме, реферирајќи на фестивалот SPW и овогодинешната програма како платформа за истражување и здружување.
    00:00 - 16:00 Настраноста како политичка позиција и развојот на Skopje Pride Weekend
    16:00 - 37:00 Останувајќи во нелагодноста
    37:00 - 45:00 Феминистички смор
    45:00 - 49:00 - 12 издание на SPW и програма
    Авторка: Калиа Димитрова
    Продукција: Meduza Platform со поддршка на Heinrich-Böll-Stiftung e.V.
    Снимање и пост-продукција: Студио Пиксел
    Instagram: ⁠⁠⁠Meduza Platform⁠⁠⁠
    Spotify: ⁠⁠⁠Meduza Platform⁠⁠⁠
    Facebook: ⁠⁠⁠Медуза

ความคิดเห็น •