01 Марта Димитриевиќ

แชร์
ฝัง
  • เผยแพร่เมื่อ 22 ก.ย. 2024
  • Марта Димитриевиќ, чудо од дете, осмооделенка, одлична ученичка во ООУ „Мирче Ацев“ - Скопје, со својот коњ Калатус, откако по ред ги сруши сите рекорди и ги освои сите медали во Македонија, пред неколку недели во Ковилово (Белград), го освои прво место во дисциплината прескокнување пречки од 100 сантиметри, победувајќи ги сите 18 натпреварувачи од Србија, Хрватска и Македонија и тоа со предност од 13 секунди пред второпласираниот. Во 2023 Марта освојува вкупно 12 медали, од кои 10 за освоено прво место, 2 за второ место. Таа е државен првак во класа Д-80 см. Во нејзиното прво медиумско интервју дадено за порталот Рацин.мк Марта говореше за нејзината емотивна врска со коњот, нејзините успеси на натпреварите, големиот број на медали и нејзините идни планови.

ความคิดเห็น •