Калиa Димитрова и Ена Бендевска (Медуза) - Engage 2020

แชร์
ฝัง
  • เผยแพร่เมื่อ 23 ก.พ. 2020
  • Тема: Приказната на Медуза: Заземање на јавниот простор кој ни е потребен
    Медуза е феминистичка платформа основана во ноември 2018 и работи на создавање афирмативен (дигитален) простор за девојки, жени, родови и сексуални малцинства - и во суштина сите личности со желба да слушаат, учат и живеат феминистички, кои сакаат да градат меѓусебни мрежи на поврзување, да читаат едни за други и пишуваат: за себеси, за личните/системските (и сите измеѓу) проблеми со кои се соочуваат секојдевно; за своите избори, своите права, своите задоволства, своите тела, своите приказни… Медуза е место на солидарност, еманципираност, отвореност, експерименталност, прифаќање и преку тој вредносен систем успеваме секојденвно да делуваме онлајн, преку сајтот meduza.mk и нашите социјални мрежи, како и офлајн, преку вмрежување, дружење, дискутирање и делување заедно со други локални иницијативи со кои го делиме сонот за општество ослободено од родови норми. Тимот на Медуза е мал, но моќен: Калиа Димитрова е основачка и главна уредничка на Медуза.мк, која работи со над 20 храбри авторки кои пишуваат за сајтот, а заедно со Ена Бендевска која е координаторка за комуникации, креираат содржини за социјалните мрежи, кампањи, акции, магии, итн.

ความคิดเห็น •