Работите не изгледаат добро - грчки аналитичари за новиот спор за името

แชร์
ฝัง
  • เผยแพร่เมื่อ 16 พ.ค. 2024
  • „Знам дека ВМРО-ДПМНЕ како опозиција инвестираше многу во својот патриотски профил, што е разбирливо за една опозициска партија, но мораат да делуваат многу внимателно зашто кога сте на власт нештата може многу брзо да се комплицираат ако немате план како да се извлечете од оваа веќе растечка криза“, вели униврзитетскиот професор Јоанис Армаколас, кој за време на преговорите пред Договорот од Преспа беше силен поддржувач на нормализацијата и развојот на односите меѓу Северна Македонија и Грција
    Дописничката на грчки „Катимерини“ од Брисел, пак, вели дека кога претставниците на Северна Македонија ќе дојдат на состанок во НАТО или институција на ЕУ, нема да имаат друг избор. Како пример, посочува дека и Европската народна партија, каде ВМРО-ДПМНЕ е членка, досега нема соопштение по изборната победа. „Кругови во ЕПП ни кажаа дека очекуваат да видат како ќе се однесува новиот премиер, дали ќе го користи или не уставното име“, вели Александра Вудури

ความคิดเห็น •