Треба да одам на уште една операција за срцето, но мама нема пари за тоа - Срце на Дланка S5 Ep.13

แชร์
ฝัง
  • เผยแพร่เมื่อ 8 ก.พ. 2025
  • Валентина Колева од Скопје е загрижена самохрана мајка на 10-годишната Мила која е родена со
    комплексна срцева мана. Досега ова мало девојче беше подложено на повеќе операции во
    нејзиниот еднодецениски живот. Валентина од самиот почеток се грижи сама за нејзиното дете.
    До неодамна во тоа и помагаше и нејзината мајка, која за жал ќе рече таа, ја изгуби под тркалата
    на несовесен возач, додека таа со Мила трчала низ болничките ходници борејќи се за животот на
    нејзиното мало девојче. Таа е вработена во приватна фирма со скратено работно време и едвај го
    минува месецот, а во меѓувреме кај Мила се појавува потреба од нова интервенција во Турција,
    поради значителна стеноза и дисфункција на тековниот канал на нејзиното срце. Таа интервенција
    и тековни снимања чинат 10000 евра, што за оваа самохрана мајка во моментов е цело богатство.
    Валентина е очајна, помош нема од никој и се надева само на хуманоста од нашиот народ за да и
    помогне на нејзината „зеница„ и таа да има безгрижно детство. А, малата Мила, и покрај тешкиот
    почеток на нејзиниот живот, чиниш го собрала сиот позитивен прав од овој свет и подготвена е и
    на најтешките битки само да биде иста како другарчињата. Таа и сега верува во нејзиниот идол,
    мајката Вале, зашто досега многупати се уверила дека таа и последниот атом сила ќе го даде само
    таа да оздраве и да може да ужива во животот. www.facebook.c...

ความคิดเห็น • 3

  • @MarkusSaric
    @MarkusSaric 27 วันที่ผ่านมา +3

    Dajte lugje pomagajte 10000 ilajdi evra da se soberat ne aw golemi pari

  • @aleksandar8567
    @aleksandar8567 25 วันที่ผ่านมา +1

    Јас ја познавам Мила и нејзините родители.Старателство над Мила има нејзиниот татко со кој Мила живее во Штип,каде што Мила оди на училиште.мајка и Вале има право два дена во месецот да ја види Мила.Татко и на Мила е способен сам да обезбеди пари за Мила.
    Вие како емисија требало да го контактирате таткото на Мила,а не да објавувате вакви работи.