Проф. д-р Александар Сајковски во подкастот Ваш педијатар: Породување со царски рез и пробиотици

แชร์
ฝัง
  • เผยแพร่เมื่อ 27 ส.ค. 2024
  • Гостин во подкастот „Ваш педијатар“ е проф. д-р Александар Сајковски, специјалист педијатар, супспецијалист неонатолог, со кого зборуваме на тема породување со царски рез и улогата на пробиотиците кај бебињата кои не се родени спонтано.
    Бебињата родени со царски рез немаат можност да поминат низ мајчиниот канал за раѓање, што обично е првиот контакт со микробите на мајката. Овој процес е важен за воспоставување на рана колонизација на микробиомот кај вагинално родените бебиња. Како резултат на тоа, микробиомот на бебињата родени со царски рез може да биде помалку разновиден и може да содржи помалку корисни, добри бактерии. Разликите во микробиомот помеѓу царскиот рез и вагинално родените бебиња може да имаат различни здравствени последици, а научниците, меѓу другото утврдиле дека бебињата родени со царски рез имаат зголемен ризик од развој на алергии, астма, автоимуни болести и дебелина во споредба со оние кои се родени спонтано. Во подкастот ќе го дознаете и одговорот на прашањата кога бремената жена треба да почне со употреба на пробиотици, кои се најадекватни и безбедни за примена и кое е местото и улогата на пробиотиците во првите 1000 дена од животот на новороденчето.
    Подкаст од областа на педијатрија, заштита и превенција на здравјето на децата.
    Сите права се задржани - Pedijatar.mk - јули 2024
    Читајте нè на: pedijatar.mk
    Аудиоверзија на подкастот: open.spotify.c...
    Следете нè на социјалните мрежи:
    Фејсбук - / pedijatar.mk
    Инстаграм - / mk.pedijatar
    Јутуб - / @pedijatarmk
    #pedijatarmk #pedijatarserbia #pedijatarmacedonia #pedijataralbania #pedijatarbosnia #pedijatarcroatia #pedijatarkosovo #pedijatarbulgaria #pedijatarturkiye #pedijatargreece #pedijatarswitzerland #pedijatarslovenia #pedijatarmontenegro #pedijatarspain #pedijatarpoland #pedijataraustralia #pedijatarportugal #pedijatargermany #pedijatarsweden #pedijatardenmark

ความคิดเห็น •