Дали просторите за привремено домување се безбедни?
ฝัง
- เผยแพร่เมื่อ 29 ก.ย. 2024
- 50 жени ги споделија своите искуства со нас, а во нашето ново видео читаме дел од нивните одговори.
Домот треба да местото каде се чувствуваме најбезбедно. За жал, тоа не е случајот за многу, а неретко се случува девојки и жени кои изнајмуваат станови или живеат во студентски домови да бидат жртви на насилство и вознемирување. Газди на имоти во нашата земја се несразмерно почесто мажи, додека студентските домови знаат да бидат места каде приватноста и границите не се почитуваат. Со нашето ново видео, сакаме да фрлиме светло на овој проблем и оваа категорија на девојки и жени во ранлива позиција, за кој ретко кога се зборува.
Камера: Жарко Чулиќ
Видеото е во соработка со Heinrich-Böll-Stiftung e.V.