Копачка Драмче, ора Ситно и Копачка мажи, во Белчанци, Драмче 02,12,2023

แชร์
ฝัง
  • เผยแพร่เมื่อ 26 ม.ค. 2025
  • По повод прославата на Јубилејот 75 години од основањето на ЗФГ КОПАЧКА с. Драмче, Делчево; Jубилејот 20 години од донесувањето на Конвенцијата за заштита, афирмација и промоција на светското нематеријално културно наследство на УНЕСКО и девет години од впишувањето на орото „Копачката“ во УНЕСКО, имавме за цел посета и на Спомен собата на дедо Митко, ороводецот на Копачката. Денес извонредно убаво поминат ден во Белчанско маало во с. Драмче на гумното пред неговата куќа, каде најизворно, најразиграно, највозвишено и гордо, се виело орото Копачката, каде повторно грмнаа нашите тапани, ечеше долот, се нижеа песните и чекорите на пијанечкиот фолклор. Неговата Спомен соба ја збогативме со нови примероци од изданија на брошури и ДВД од реализирани проекти од уредувањето на собата во 2014 година до денес. Воедно ги возобновивме табличките со низата негови изреки за орото „Копачката“, кои ја отсликуваа, приврзаноста со овој извонреден пијанечки бисер. Покрај другите рекол и „Копачката е живо оро“, кое нешто анализирајки го од оваа дистанца, мислам дека мислел колку е тоа динамично, но можеби бил свесен дека орото живее во народот, а тој самиот е лидер во ороводството. Изреките како и сиот документарен материјал на фотографии, објави во весници и списанија и друго ги имаше собрано народниот уметник, нашиот долгогодишен претседател Димитар Узунски.
    Искажуваме благодарност до претседателот Љупчо Димитровски и Советот на месната заедница од с. Драмче, за несебичната поддршка за реализацијата на овие активности, кои се дел од проектот „Прослава на Јубилејот 75 г. постоење на ФГ Копачка с. Драмче, Делчево“, субвенциониран од страна на Градоначалникот на Општина Делчево, г-дин Горан Трајковски.

ความคิดเห็น •