Македонскиот бисер Дарјан Мирчевски со злато од Колумбија универзитетот
ฝัง
- เผยแพร่เมื่อ 2 ก.พ. 2025
- Дарјан Мирчевски
На престижната математичка олимпијада "Коперникус", која се одржува на Универзитетот Колумбија во Њујорк, оваа година со златен медал се закити и талентираниот Дарјан Мирчевски, ученик од основното училиште "Јаха Кемал" во Карпош, Скопје.
Тринаесетгодишниот Дарјан беше единствениот учесник од Македонија на оваа математичка олимпијада.
Дарјан беше во конкуренција од 60 финалисти кои доаѓаа од 34 различни држави ширум светот и успеа да добие златен медал.
Во категоријата за шесто и седмооделенци, соред критериумите на Универзитетот "Колумбија", покрај Дарјан Мирчевски, златен медал освоија и неговите врсници математичари од Јапонија, Казахстан, Британија и Монголија.
Меѓу неговите врсници во Јахја Кемал колеџот Дарјан е познат како еден од најталентираните млади македонски шахисти.