Najgolemata greshka kako Freelancer | Dance Azmanova Mirchevska | The Freelancers Hangout
ฝัง
- เผยแพร่เมื่อ 9 ก.พ. 2025
- Петта епизода од Фриленсерска Дружба! 🎙️
Во оваа епизода разговараме со Данче Азманова Мирчевска - фриленсер со 8 години искуство, претприемач и основач на Working Mom, како и ко-основач на TrixieBox. Почнала како новинар, но нејзиниот пат ја води кон фриленс и создавање сопствени брендови. Ги споделува своите почетоци, најголемите предизвици и лекциите што ги научила, вклучувајќи ја и грешката што ја направила кога дала отказ без финансиски план.
Данче зборува за тоа како да најдеш клиенти, да останеш конкурентен во брзорастечкиот пазар и да го балансираш фриленсот со семејството и претприемништвото. Ако размислуваш за фриленс или веќе си во оваа индустрија, оваа епизода ќе ти даде реален увид во можностите и предизвиците што доаѓаат со овој начин на работа.
Поткастот е релизиран од страна на Стартап Клуб Скопје - првиот централен претприемачки хаб во државата, предводен од Сашо Јовановки претседател на Стартап Клуб Скопје, кој овозможува пристап до сите потребни ресурси за развој на бизнис од идеја до реализација.
👏 Голема благодарност до нашите поддржувачи и годишниот партнер ПроКредит Банка, која обезбедува соодветни финансиски пакети за старт-апи и фриленсери.
🟢 Благодарност и до Impact Foundation, кој активно поддржува млади фриленсери, нуди обуки за финансиска писменост и создава можности за одржлив развој на фриленс заедницата.
Доколку сте заинтересирани за соработка или имате прашања:
📧 Мејл: contact@startupclubskopje.com
📞 Телефон: 072 762 595
🎥 Редакција:
Уредник и водител: Бисера Лотеска
Камера и тон: Стефан Божаров
Анимација и дизајн: Андријана Антова
Следете ја Фриленсерска Дружба и откријте како изгледа животот на еден успешен фриленсер!
Навистина инспиративен разговор од кој што може многу да се научи 🎉
Благодарам за поканата! Навистина уживав во разговорот! ❤
Одлична водителка и гостинка ❤✊
Odlicen izbor na gostin i odlicni prasajna od strana na voditelkata. 🚀🍀
Браво супер епизода, продолжете со вакви прекрасни гости.
A ha! ❤
Се радувам на искреноста и отвореноста во овој разговор! 🎉 Супер епизода 🙌
Преубаво образложение на работата и секојднението споени во една целина...Данче е неуморна и прекрасна личност која инспирира со своите идеи ...Голем поздрав и до водителката и до гостинката ❤