Алкалоид АД Скопје една од трите најтргувани компании на Македонската берза

แชร์
ฝัง
  • เผยแพร่เมื่อ 11 ก.ย. 2024
  • Дел сме од „Македонската Берза за хартии од вредност“ уште од нејзиното основање во 1996 година. Во текот на изминатите 25 години постоење, оваа институција обезбеди ефикасно, транспарентно и сигурно функционирање на берзантските текови во државава, во кое функционирање беше вклучен и акционерскиот капитал на „Алкалоид“ а трендот на транспарентност во комуникацијата и доследно почитување на критериумите на котација остана цврсто втемелен во нашата пракса за соработка.
    Јубилејот кој годинава го одбележува „Македонската берза“ претставува особена гордост и за „Алкалоид“ како компанија чии акции, како едни од најтргуваните и најликвидните, се присутни на македонскиот пазар на капитал уште од нејзиното основање.
    Упатуваме искрени честитки по повод 25 годишниот јубилеј на „Македонската берза за хартии од вредност“, со желби за уште поголем раст и уште поголеми успеси на кои сите заедно ќе се радуваме!

ความคิดเห็น •