Дебели Гикови S01E21 - Крај на Сезона 1 + Најава за Стрип Трип со Давор Драмиќанин

แชร์
ฝัง
  • เผยแพร่เมื่อ 5 มิ.ย. 2024
  • Денот што Дебелите Гикови не сакаа да дојде... Крајот на нивната прва сезона... Премногу емоции при снимање на оваа епизода беа направени кои што драстично се гледаат и можете при гледање да ги почуствувате!
    Дебелите Гикови го почнаа својот подкаст во Декември и успеаа да направат 21 епизода + специјли и за двајцата Марио и Огнен ова е најубавото искуство што го доживеале до сега! Ова се
    нивни зборови, па дури и емоции!
    Новата епизода беше поделена на два дела. Првиот дел е многу интересен бидејќи се завршува сотоа што се почна! Во декември првиот гостин кој што им беше на подкаст беше Давор Драмиќанин
    од Макстрипови каде што се збореше за Стрип Школата и Стрип Трип Фестивалот. Тогаш фестивалот беше во спремање, а денес официјално можат да раскажат буквално се што ќе има на самиот фестивал! Со Давор муабетот беше прекрасен и вреди да се чуе!
    Нормално ве покануваме сите на 8ми и 9ти јуни во МКЦ на Стрип Трип фестивалот!
    Вториот дел, Дебелите Гикови сакаа да го посветат на луѓето кои што беа виновници за креирње на сите овие епизоди до сега и да испадне се како што треба! Прекрасните техничари од Радио МОФ - Петар Мукоски и Кире Мирчовски! Со нив двајца Гиковите успеаа да снимат малку бидејќи во студиото фалеше да снема воздух од колку беше топло!
    Но сепак... Мора да се каже Збогум на оваа прекрасна прва сезона. За жал веќе доле не читате “Секоја недела нова епизода”. Но... Тоа ќе го читате повторно од октомври кога Дебелите Гикови ќе се вратат во полни сили и со многу новитети!!!
    Дечки пријатно лето
    Повелете на Стрип Трип
    Уживајте
    Следете Радио МОФ
    Се гледаме од октомври...

ความคิดเห็น •